Кинескиот BYD доминира на глобалниот врв за технолошки иновации

Според најновиот годишен извештај на Центарот за автомобилски менаџмент (CAM), кинескиот гигант BYD официјално ја зазеде првата позиција како најиновативен автомобилски бренд во светот. Со дури 18 светски премиери и 36 значајни технички иновации во изминатиот период, BYD успеа да ги престигне традиционалните европски лидери како Volkswagen Group и Mercedes-Benz. Кинеската компанија се истакна благодарение на напредокот во развојот на своите Blade батерии, ефикасноста на погонските системи и интеграцијата на паметна електроника. Овој резултат става крај на долгогодишната доминација на германските инженери во автомобилскиот сектор. Истражувањето покажува дека кинеските производители сега диктираат со темпото на иновации, особено кај поевтините електрични возила. Традиционалните брендови ќе мора драстично да ги зголемат буџетите за истражување за да го фатат приклучокот. BYD докажа дека веќе не е само евтина алтернатива, туку вистински технолошки предводник на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *